Дома Фудбал Ристовски и Елези ќе имаат нов тренер во Сараево

Ристовски и Елези ќе имаат нов тренер во Сараево

Фудбалскиот клуб Сараево веќе на самиот почеток од новата сезона се соочува со сериозна тренерска криза, откако утрово официјално беше потврдено заминувањето на шефот на стручниот штаб, Зоран Зекиќ.

Во краткото соопштение објавено од клубот се наведува: „Ги известуваме нашите навивачи и пошироката јавност дека Зоран Зекиќ поднесе неотповиклива оставка од функцијата главен тренер на ФК Сараево.“

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Оставката доаѓа по слабите резултати на тимот на стартот од сезоната. Сараево доживеа елиминација од европската сцена уште во втората квалификациска рунда од Конференциската лига.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликт на Куња со навивачите на Јунајтед /ВИДЕО/

Матеус Куња, играчот на Манчестер јунајтед, беше видливо вознемирен од однесувањето на нав…