Дома Останати Ракомет РФМ казнуваше за инцидентот во Охрид: Манасков суспендиран на три месеци!

РФМ казнуваше за инцидентот во Охрид: Манасков суспендиран на три месеци!

Ракометната федерација на Македонија ја донесе конечната одлука околу случувањата по дербито меѓу Охрид и Пелистер, објавувајќи ги санкциите за инволвираните актери.

Најстрого е казнет ракометарот на Пелистер, Дејан Манасков, кој доби суспензија во траење од три месеци. Во тој период тој ќе мора да паузира на вкупно пет натпревари на Вардар – три во рамки на шампионатот и уште два во плеј-оф фазата. Од друга страна, домашниот тим ќе биде ослабен без Крсте Андоновски, кој како асистент на тренерот Ројевиќ доби забрана за водење на три натпревари и ќе може повторно да се врати на клупата по 14 февруари.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Дополнително, дисциплинската комисија одлучи и финансиски да ги санкционира двата клуба, па Охрид и Пелистер ќе треба да уплатат по 45.000 денари..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лудиот цепелин на Манасков и Митревски најдобар гол во групната фаза од ЛШ! (Видео)

Македонскиот шампион Пелистер го заврши својот настап во ЕХФ Лига на шампиони со пораз на …