Дома Фудбал Револуција во Серија А: Голема промена во Италија почнува со дербито на Јувентус и Интер

Револуција во Серија А: Голема промена во Италија почнува со дербито на Јувентус и Интер

Саботниот дерби натпревар помеѓу Јувентус и Интер ќе биде прв во историјата на Серија А во кој ќе се користи специјална камера, која ќе биде прикачена на главниот судија, соопштено е од седиштето на елитниот ранг на натпреварувањето во Италија.

Оваа технолошка иновација успешно беше тестирана за време на неодамнешното Светско клупско првенство во Соединетите Американски Држави, а Серија А ќе биде меѓу првите европски лиги кои ќе ја имплементираат во своите натпревари. Целта е телевизиските гледачи да можат да ја видат играта од перспектива на главниот судија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


– Микрокамера со висока резолуција, тежи само шест грама, ќе биде монтирана на микрофонот на судијата и ќе се користи во текот на загревањето, како и за време на самите натпревари, на пример при подготовка на слободен удар или слични ситуации, со цел да се прикажат возбудливи моменти. Бидејќи ќе биде една од камерите достапни за телевизиите, нејзиниот сигнал ќе биде изолиран од страна на ВАР – објаснуваат од фудбалската лига во своето соопштение.

Дербито на Италија кое ќе се одигра по двонеделна репрезентативна пауза, Старата дама го дочекува со полн учинок од две кола, додека Нероазурите имаат една победа и еден пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешната ѕвезда на Тотенхем може брзо да се врати во Европа и тоа – во Барселона!

Хјонг Мин Сон, играчот на Лос Анџелес, наскоро би можел да се приклучи на Барселона како п…