
Мајкл Керик веќе на почетокот на својот мандат покажува дека нема слепо да ги следи старите примери. Една одлука посебно одекна во соблекувалната на Манчестер Јунајтед. Рутината што беше света сега е целосно променета.
Керик направи првиот сериозен потег на клупата на Манчестер Јунајтед и јасно порача дека неговата ера нема да личи на она што го правеа Ерик тен Хаг и Рубен Аморим.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Најголемата промена се однесува на неделниот распоред на тренинзи, поточно на денот по натпреварите, кој досега беше резервиран за опоравување.
За разлика од Тен Хаг и Аморим, кои инсистираа играчите да доаѓаат во тренинг центарот ден по натпреварот, Карик одлучи тогаш да им даде слободен ден.
Во претходниот систем, фудбалерите кои не одиграа барем 45 минути мораа да поминуваат низ полн тренинг, додека останатите имаа строго дефинирани сесии за опоравување.
Сега сè е променето – опоравувањето се префрла на денот на враќањето во Карингтон, а денот по натпреварот е резервиран исклучиво за одмор.
Керик веќе се наметна како авторитет, го скрати траењето на тренинзите, но истовремено го зголеми нивниот интензитет.
Работата стана поконкретна и фокусирана, со акцент на индивидуалниот напредок на некои играчи.
Посебно внимание е посветено на дефанзивната линија, каде поранешните стопери Џонатан Вудгејт и Џони Еванс работат директно со централните бекови на технички детали и позиционирање.