Дома Останати Тенис Репортерот кој го исмејуваше Ѓоковиќ: Ви се извинувам, само се шегував

Репортерот кој го исмејуваше Ѓоковиќ: Ви се извинувам, само се шегував

Новак Ѓоковиќ во петокот се пласираше во четвртото коло на Австралијан Опен, совладувајќи го Томаш Махач со 6:1, 6:4, 6:4. Известувачот на австралиската телевизија „9news“ се јави во живо од Мелбурн Парк и започна да се шегува на сметка на навивачите и на Ѓоковиќ.

„Одиме назад во Мелбурн Парк, каде можете да ги видите навивачите на Новак како навиваат. Нивното пеење е прилично необично”, рече Тони Џонс, па се сврте кон публиката и почна да пее: “Новак! Тој е преценет! Новак е минато! Новак!” “Драго ми е што не ме слушаат. Во секој случај, да продолжиме со тенисот”, рече кога повторно се сврте кон камерата.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Снимката стана вирална и брзо стигна до Србија, каде што неговото јавување беше оценето како скандалозно и недозволиво, а Џонс беше нападнат од многу неутрални тениски фанови, кои побараа веднаш да му се даде отказ.

„За жал, мојот ‘хумор’ претходната вечер беше погрешно разбран како напад врз Новак. Тоа сигурно не беше случај. Се шегувам со српските навивачи во текот на целиот турнир и ова е само шега, барем мислев така“, кажа репортерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се распадна по поразот на Ролан Гарос: Можно е ова да е мојот последен натпревар тука

ЈАНИК СИНЕР обезбеди место во финалето на Ролан Гарос. Првиот тенисер во светот во полуфин…