Дома Фудбал Ренџерс има нов тренер: Не е синот на Анчелоти!

Ренџерс има нов тренер: Не е синот на Анчелоти!

Шкотскиот клуб Ренџерс денеска објави дека нов тренер на фудбалскиот тим е Англичанецот Расел Мартин.

Според нивното соопштение, Мартин (39) потпишал договор со раководството на клубот од Глазгов на период од три години.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Мартин ја презема водечката позиција во тимот, кој во 1972 година го освои Купот на победниците на куповите, од Бари Фергусон, кој беше на времено назначената тренерска функција од февруари до крајот на сезоната.

Во досегашната своја тренерска кариера, Мартин ги водеше екипите на Саутемптон, Свонси и МК Донс.


Фото: FC Rangers/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на трансферската сага со Антоан Гризман!

Францускиот фудбалер Антоан Гризман беше на работ да се приклучи на MLS лигата, но тоа нем…