Дома Моторспорт Ред Бул во необична боја ќе вози во Јапонија

Ред Бул во необична боја ќе вози во Јапонија

На претстојната трка за Големата награда на Јапонија, која ќе се одржи на легендарната патека Сузука, тимот на Ред Бул ќе настапи со специјален дизајн на својот болид, кој значително ќе се разликува од вообичаените препознатливи бои.

Овој уникатен изглед е инспириран од долгогодишната соработка со Хонда, а дизајнот претставува ретроспектива на славните денови на јапонскиот автомобилски гигант во Формула 1. Болидот ќе биде во бела боја, потсетувајќи на познатите модели со кои Хонда остави длабок печат во историјата на спортот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Трката на Сузука е трета по ред во календарот на Формула 1 оваа сезона и ќе се вози следниот викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Норис: Сакам повторно да бидам светски шампион во Ф1

Возачот на Мекларен, Ландо Норис изјави денес дека уживаше минатата сезона кога ја освои т…