Дома Фудбал Реаловото најголема промашување откри: Меси ме нарече е*** црнец.

Реаловото најголема промашување откри: Меси ме нарече е*** црнец.

Поранешниот холандски фудбалер Ројстон Дренте говореше за разни интересни моменти од својата кариера, а раскажуваше и за конфликтот со Лионел Меси.

Во гостување во подкастот “The Wild Project”, една од најголемите утки во историјата на Реал откри ритуал што го практикуваа мадридскиот тим пред секој Ел Класико.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


„Логично беше да ја мразам Барселона кога играв за Реал. Недела дена пред Ел Класико, ќе залепевме постери од играчите на Барселона и Меси низ целата соблекувална и ќе ги гаѓавме со стрелки за пикадо“.

Аргентинецот како да знаеше што се случува зад затворените врати во шпанската престолнина, па при конфликт на теренот вербално го нападна Дренте.

„Кога играв за Еркулес, Меси на еден натпревар ме нарече ‘ј*** црнец’. Подоцна ми објасни дека аргентинските фудбалери на шега користат такви изрази меѓусебно, така му зборувале на Езекиел Гарај и нему не му пречело. Сепак, треба да разберат дека момче како мене тогаш се чувствуваше непријатно. Нема исто да звучи кога тоа ќе ти го каже противник на теренот. Подоцна не разговаравме на оваа тема, таа веќе е застарана. Во секој случај, имам голема почит кон него, беше еден од најдобрите во светот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан е заинтересиран за плејмејкерот на Реал Мадрид

За Себаљос нема повеќе место во Реал Мадрид и тимот му предложи да си побара нов клуб. 28-…