
Поранешниот заменик капитен на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд (27), беше дочекан со свирежи кога во вторник навечер се врати на Енфилд како играч на Реал Мадрид.
Тој, а започна својата фудбалска кариера на Енфилд, беше познат како еден од омилените играчи на овој стадион, но неговото враќање значеше друга песна од трибините.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Имено, летово го напушти Ливерпул како слободен играч и потпиша за Реал, откако реши да не го продолжи договорот со својот поранешен клуб.
Навивачите на Ливерпул не му простија за таквиот потег на Александер-Арнолд, посебно затоа што е роден во Ливерпул и целата негова дотогашна кариера беше посветена на клубот од Енфилд.
🚨 Навивачите на Ливерпул со свирежи го дочекаа Трент повторно на Енфилд како играч на Реал Мадрид. 🔊🏴@defcentral 🎥 pic.twitter.com/WdVdIj8pyQ
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 4, 2025
Трент со силни свирежи од навивачите на Ливерпул. pic.twitter.com/DH4VDqBcKU
— – (@AnfieldRd96) November 4, 2025