
Фудбалерите на Реал Сосиедад се изборија за место во финалето на шпанскиот Куп на кралот, откако во Сан Себастијан го поразија Атлетик Билбао со 1:0 (0:0) во реванш натпреварот од полуфиналето.
Реал Сосиедад исто така триумфираше и во првиот натпревар, кој се одигра на 11 февруари во Билбао, завршувајќи го со резултат 1:0.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Единствениот гол на синоќешниот натпревар за тимот од Сан Себастијан го постигна Микел Ојарсабал во 87. минута, од пенал.
Во финалето на Купот на кралот, Реал Сосиедад ќе се соочи со мадридскиот Атлетико, кој во полуфиналето ја елиминираше Барселона со вкупен резултат од 4:3. Атлетико победи 4:0 на домашниот терен во првиот дуел, додека Барселона синоќа славеше со 3:0.
Финалниот натпревар од Купот на кралот ќе се одржи на 18 април во Севиља.
¡GOL DE OYARZABAL!
— ESPN Deportes (@ESPNDeportes) March 4, 2026
La Real a nada de estar en la final de Copa. pic.twitter.com/BMwcDJU30t