Дома Фудбал Реал се одмазди на Бенфика во луд натпревар со црвени картони

Реал се одмазди на Бенфика во луд натпревар со црвени картони

Реал Мадрид извојува победа како гостин против Бенфика на стадионот “Луж” со минимални 1:0 во првиот плејоф натпревар од Лигата на шампионите, при што натпреварот беше обележан со повеќе драматични ситуации.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат по многу убаво изведување од страна на Винисиус Жуниор (50′), но беше помрачен од случувањата потоа. Голот предизвика жестока фрка, бидејќи пред продолжувањето на играта, оптужувањето од стрелецот доведе до голема врева. Неговите тврдења беа дека Џанлука Престиани од домаќините го навредил на расна основа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тоа не беше се, и пет минути пред крајот на регуларното време, страстите повторно се вжестија по прекршокот на Бразилецот, за кој тренерот на домаќините Жозе Мурињо бурно протестираше и беше исклучен со директен црвен картон.

Европскиот клубски шампион Пари Сен Жермен демонстрираше карактер и класа за да ја извојува победата со 3:2 на гостувањето против Монако во првиот натпревар од плејофите во Лигата на шампионите. Парижаните губеа со 0:2 до средината на првото полувреме, и покрај тоа што пропуштија пенал, но најдоа сили за успех на “Луј II”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осимен: Наполи се однесуваше со мене како со куче, можев да играм во Јувентус

Ѕвездата на Галатасарај Виктор Осимен, кој вечерва ќе се соочи со Јувентус, даде долгo инт…