Дома Фудбал Реал потврди: Мбапе, сепак, бил повреден

Реал потврди: Мбапе, сепак, бил повреден

Напаѓачот на Реал Мадрид Килијан Мбапе сепак доживеа повреда.

Тој ја напушти играта во првото полувреме во победата над Аталанта, и иако првично беше откриено дека станува збор само за замор на мускулите, Французинот сепак доживеа полесна повреда поради која го чека пауза.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Реал Мадрид потврди на веб-страницата на клубот дека Мбапе ќе биде испратен на рехабилитација, но не е наведено колку време ќе мора да отсуствува.

Сепак, блиски извори наведуваат дека Французинот ќе паузира околу 10 дена и ќе го пропушти гостувањето кај Рајо Валјекано за викендот.

Целта на Мбапе е да биде подготвен за пресметката со Севиља што е на програмата на 22 декември.

Французинот оваа сезона постигна 12 гола и забележа две асистенции на 22 натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јаја Туре: Кога ќе го видам Гвардиола, гледам змија

ЈАЈА ТУРЕ (42) повторно ја разгоре долгогодишната расправија со Пеп Гвардиола (54), обвину…