
Реал Мадрид продолжува со својата стратегија на долгорочно планирање на одбранбената линија, а најновата мета на „кралскиот клуб“ е францускиот репрезентативец Ибрахима Конате, актуелен член на Ливерпул.
Според повеќе извори, вклучувајќи го и „Дејли Мејл“, мадридскиот гигант е заинтересиран за можноста да го ангажира Конате како слободен агент во 2026 година, кога истекува неговиот договор со англискиот клуб.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Конате, кој има 25 години, се етаблираше како клучен дефанзивец во тимот на Ливерпул, играјќи рамо до рамо со Вирџил ван Дајк.
Сепак, неговиот договор истекува во јуни 2026 година, а преговорите за продолжување на соработката засега не донесоа конкретен резултат. Оваа ситуација го отвора патот за Реал Мадрид да го следи неговиот статус и евентуално да го ангажира без отштета по истекот на договорот.