Дома Фудбал Реал Мадрид зема повеќе од Барселона од ТВ права, но никој не е среќен

Реал Мадрид зема повеќе од Барселона од ТВ права, но никој не е среќен

Раководството на Ла Лига ја објави распределбата на парите од аудиовизуелните права за сезоната 2024/25. Овие приходи, кои се од основно значење за финансискиот биланс на клубовите, бележат мал пад во споредба со претходната сезона. Вкупната сума за распределување меѓу екипите од Ла Лига и Ла Лига 2 е 1,432 милијарди евра, додека во сезоната 2023/24 беше 1,498 милијарди.

Како и обично, Барселона и Реал Мадрид добиваат најголемиот дел од „колачот“. Овој пат „кралевите“ ги надминува Каталонците според приходите од овој извор, иако со мала разлика. Приходите на Реал Мадрид се намалуваат од 159,55 на 157,52 милиони евра, што е пад од околу два милиони. Барселона пак регистрира поголемо намалување – за околу шест милиони, од 162,49 на 156,45 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Се забележува дека токму тимовите од елитата го трпат главниот удар од ова намалување на приходите од ТВ права. Во целост тие ќе добијат 1,292 милијарди евра за сезоната 2024/25 во споредба со 1,351 милијарди во претходната сезона.

Традиционално Атлетико Мадрид е третиот клуб со највисоки приходи од аудиовизуелни права, позиционирајќи се меѓу двата гиганта и останатите тимови во Ла Лига. Падот кај „ќебапчиите“ е значителен – од 117,89 милиони на 108,17 милиони евра, што претставува загуба на приходи од над 9 милиони.

Има четири исклучоци од општиот тренд на намалување на приходите, и сите ова се должат на спортски достигнувања. Тоа се Жирона (55,64 милиони евра), кој обезбеди учество во Лига на шампиони пред две сезони и сега ги ужива плодовите на таа извонредна кампања, како и тимовите кои остварија промоција од Сегунда во Примера: Еспањол (43,42 милиони), Ваљадолид (41,53 милиони) и Леганес (39,93 милиони).

Сите останати тимови од елитата забележуваат пад во приходите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора допол…