
Јасно е дека Алваро Арбелоа повеќе нема да го води Реал Мадрид, а нов тренер на кралскиот клуб најверојатно ќе биде Дидие Дешан.
57-годишниот Дидие Дешан, кој веќе 14 години е на чело на француската репрезентација, по завршувањето на Светското првенство ќе ја напушти оваа улога и е еден од главните кандидати за нов тренер на Реал Мадрид.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Голем број европски медиуми известуваат дека Флорентино Перез веќе почнал преговори за ангажман на Дешан, и дека искусниот тренер е сериозна опција за тимот од Мадрид.
Дешан ужива голема репутација во Мадрид. Тој е сметан за тренер кој знае како да победува и одржува одлични односи со ѕвезди како што е Килиан Мбапе, кој изразува огромно почитување кон него.
Дешан несомнено е сериозна опција за Кралевите. Ќе видиме дали конечно ќе дојде до спогодба.
Од 2012 година тој ја води француската репрезентација со која го освои Светското првенство во 2018 година, Лигата на нации и играше финалиња на СП и ЕП. Но, зад себе има и успешно искуство во клупскиот фудбал.
Како тренер започна веднаш по завршувањето на играчката кариера. Во 2001 година застана на чело на Монако и остана таму четири години, водејќи ги до финалето на Лигата на шампионите, каде претрпеа пораз од Порто на Жозе Мурињо.
Со тимот освои Лига Куп, а потоа замина во Италија. Му помогна на Јувентус брзо да се врати во Серија А по излегувањето од врвот, а потоа го презеде уште еден свој поранешен клуб – Марсеј.
Три години беше тренер на тимот на Велодром и освои еден шампионат, трипати Лига Куп, и два француски Суперкупа.
Еден од ретките е кој има освоено Светско првенство и како играч и како тренер, и дефинитивно ги има сите квалификации да стане тренер на кралскиот клуб.
Како играч, Дешан беше исклучително успешен. Кариерата ја започна во Нант, а настапуваше и за Марсеј, Бордо, Јувентус, Челси и Валенција. Освои голем број трофеи.
Поранешниот капитен на француската репрезентација одигра 103 натпревари за Триколорите и постигна четири гола.