Долгогодишниот играч за врска на Баерн Минхен и германската репрезентација, 29-годишниот Џошуа Кимих се најде на мета на Реал Мадрид. Така барем пренесува доверливиот германски фудбалски инсајдер, новинарот на Билд, Кристијан Фалк.
Договорот на Кимих со Баерн е пред истекување, кој ќе трае до крајот на актуелната сезона, што му овозможува на Германецот слободно да преговара со кој било клуб.
Викендов дербито во Манчестер! Интересно е и во Серија А и Бундеслига! ↓↓↓
Сепак, Фалк пренесува дека приоритет на Кимих е да остане на Алијанц Арената во Минхен и ќе му даде време на Баерн да се обиде да го задржи, но во случај на заминување – Реал е на врвот на неговите опции.
Сепак, Баерн ќе мора да направи брз потег за да го задржи клучниот играч. Се претпоставува дека Кимих доколку дојде во Реал Мадрид би требало да биде долгорочна замена за 39-годишниот Лука Модриќ.
Иако Хрватот се уште е важен играч во тимот на Карло Анчелоти, од „Сантијаго Бернабеу“ се свесни дека наскоро ќе мора да најдат замена за него.
Џошуа Кимих пристигна во Баерн во 2015 година од Штутгарт како десен бек, а под водство на Пеп Гвардиола почна да игра во средниот ред. За Баерн одигра 418 натпревари, постигна 43 гола и запиша 111 асистенции.