Дома Фудбал Реал Мадрид спрема понуда за ѕвездата на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид спрема понуда за ѕвездата на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е заинтересиран за ангажман на плејмејкерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш.

Со оглед на пишувањата од „Дејли стар“, овој португалски фудбалер е виден како можен наследник на 39-годишниот играч за врска, Лука Модриќ.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Потенцијалната зделка за трансфер на Фернандеш во Реал Мадрид се проценува на 90 милиони фунти.

Иако тренерот Рубен Аморим е за тоа играчот од средниот ред да остане во клубот, управата има за цел да генерира повеќе приходи и да ги намали оперативните трошоци.

Фернандеш во оваа сезона настапи на 44 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 голови и исто толку асистенции. Неговиот актуелен договор со овој премиерлигаш е важечки до летото 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eден лајк на Рамос предизвика бура во Мадрид

Серхио Рамос сè уште нема нов клуб, но изгледа дека со раширени раце би ги отворил вратите…