
Раководството на шпанската Ла Лига го одби барањето на Реал Мадрид за одложување на натпреварот против Осасуна кој е закажан за 19-ти август. Од Реал појаснија дека им е потребно одложувањето бидејќи играчите сè уште се изморени од минатата сезона, каде што најдобрите фудбалери одиграа повеќе од 60 натпревари.
Во Кралскиот клуб се огорчени од оваа одлука и преку клубската телевизија испратија остра порака до раководството на лигата. Инаку, Реал понекогаш ја користи клубската телевизија за критика, најчесто кон судиската организација.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Испративме барање за одложување на натпреварот на 9-ти јуни, бидејќи знаевме дека нашите играчи нема да можат доволно да се одморат по Светското клупско првенство. Одговор добивме на 31-ви јули. До тогаш нè игнорираа. Ги затворија вратите за логиката, спортската медицина и интегритетот на натпреварувањето,“ истакна водителот на Real Madrid TV.
Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас Медрано е познат како критичар на Реал Мадрид. Јавно не’ критикуваше и изјави дека натпреварот не треба да биде одложен. Ова е манипулација. Сезоната 2025/26 во Шпанија е компромитирана и манипулирана. Нашиот тим ја започнува сезоната по нивен избор, не случајно,“ беше заклучокот од вчерашната емисија на клубската телевизија.
Реал настапуваше на Светското клупско првенство, кое заврши на 14-ти јули, а Кралскиот клуб отпадна неколку дена претходно. Играчите беа испратени на одмор, но во клубот се загрижени дека нема да се подготват на време за новата сезона. Реал минатата година не освои ниту еден трофеј.