Дома Фудбал Реал Мадрид сака три засилувања, Перез е подготвен да потроши 110 милиони евра

Реал Мадрид сака три засилувања, Перез е подготвен да потроши 110 милиони евра

Претходно се пишуваше дека Реал Мадрид има напредок во преговорите со Трент Александар-Арнолд и Дин Хајсен, но „кралевите“ имаат и уште една желба – Мартин Зубименди!

Нападот секако е доволно силен и нема потреба од засилувања, но средниот ред и одбраната бараат освежувања и Флорентино Перез презел сите неопходни чекори.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Денешната вест во Шпанија е дека Реал Мадрид ја презел трката за потпис на Мартин Зубименди, кој до неодамна беше во завршна фаза на преговори со Арсенал.

Добро информираните шпански медиуми тврдат дека Реал почнал офанзива и дека во Мадрид се свесни дека им е преку потребно засилување во средниот ред.

Тони Крос се пензионираше, Лука Модриќ е на прагот на истото и затоа е прилично јасно зошто Зубименди излезе во прв план.

Не треба да се заборави дека неговата откупна клаузула е поставена на 60 милиони евра, што за Реал не претставува проблем, исто како и клаузулата од 50 милиони за Хајсен во Борнмут.

Со други зборови, ако Трент Александар-Арнолд дојде како слободен, а Перез плати по 60 и 50 милиони евра за Зубименди и Хајсен, Реал ќе го обезвредни летниот трансфер период пред да започне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео кое го „запали“ интернетот: Винисиус и Ендрик се смеат додека Реал Мадрид тоне

Навивачите нема да им го простат овие однесувања, а сега сето тоа се прошири на интернет п…