Шпанските медиуми соопштуваат дека Реал Мадрид планира да го врати левиот бек на Милан, Тео Хернандес, во своите редови ова лето.
Францускиот фудбалер покажува извонредни способности и е веќе препознаен како еден од најдобрите леви бекови во Европа. Поради тоа, Реал Мадрид има намера да ја исправи грешката.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Анчелоти бара квалитетен лев бек. Неговата првична цел е Алфонсо Дејвис, но бидејќи често се соочува со повреди, вниманието на „кралевите“ сега е упатено кон Тео Хернандес.
Милан го купи Хернандес пред неколку сезони за 20 милиони евра. Реал Мадрид е подготвен да понуди 60 милиони евра за негово враќање.