
Реал Мадрид би можел да го продаде Едуардо Камавинга летово доколку добие добра понуда, известува весникот “Екип”.
Мадридскиот клуб е разочаран од неспособноста на 23-годишниот играч од средниот ред целосно да го реализира својот потенцијал на стадионот “Сантијаго Бернабеу”.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Францускиот репрезентативец е во Реал Мадрид од 2021 година. Во оваа сезона има одиграно 22 натпревари во Ла Лига, каде што постигнал еден гол.
“Белите” се на второто место на табелата и заостануваат 7 поени зад лидерот Барселона.