Дома Фудбал Реал Мадрид планира да ја донесе ѕвездата на Ливерпул и му нуди двојно поголема плата

Реал Мадрид планира да ја донесе ѕвездата на Ливерпул и му нуди двојно поголема плата

Позицијата на десен бек се покажа како најранлива за Реал Мадрид оваа сезона, па управата на Кралскиот клуб планира да го реши тоа со доведување на 26-годишниот англиски репрезентативец Трент Александер-Арнолд, чиј договор со Ливерпул истекува на крајот од јуни оваа година.

Александер-Арнолд се наметна како идеално решение бидејќи 33-годишниот Дани Карвахал е склон на повреди, објавија британските медиуми. Поради повреда на коленото претрпена во октомври, Карвахал ќе биде отсутен од теренот до крајот на оваа сезона.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Реал е импресиониран и од тоа што Александер-Арнолд често се приклучува во нападот и може да напредува по крилото и низ средината на теренот во офанзивни акции. Бидејќи неговиот договор со Ливерпул истекува на крајот од јуни, Александер-Арнолд би можел да се пресели во Реал без отштета.

Тој е третиот најплатен играч во Ливерпул, со годишна заработка од 11.2 милиони евра. Реал е подготвен да му понуди плата која би била повеќе од двојно повисока, односно 25 милиони евра по сезона, тврдат британските медиуми.

Водечката екипа во Премиер лигата се наоѓа во тешка ситуација кога станува збор за три важни и најплатени фудбалери. Покрај Александер-Арнолд, на крајот на сезоната слободни играчи ќе бидат и египетскиот напаѓач Мохамед Салах (заработува 21.8 милиони евра годишно) и холандскиот стопер Вирџил ван Дајк (годишна плата 13.7 милиони евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се враќа на теренот: Погба потпиша двегодишен договор со Монако

По повеќегодишна пауза поради позитивен допинг тест, Пол Погба се враќа на теренот –…