Дома Фудбал Реал Мадрид остана без фудбалер кој освои сè, но не помогна премногу

Реал Мадрид остана без фудбалер кој освои сè, но не помогна премногу

Хесус Ваљехо повеќе не е играч на Реал, објави клубот. “Му благодариме на Хесус за неговиот професионализам, посветеност и труд. Му посакуваме нему и на неговото семејство сѐ најдобро во ова ново животно поглавје”, напиша Реал во прошталната порака до стоперот кој пред десет години дојде во клубот, но од тогаш одигра само 34 натпревари за Реал.

Половина од ова време го помина на позајмици во Сарагоса, Ајнтрахт, Вулверхемптон и Гранада. Во останатите пет сезони во Реал освои по една Ла Лига и Копа дел Реј, по две Лиги на шампиони и Суперкупови на Шпанија, три европски Суперкупови и четири клупски светски првенства. 

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ваљехо на тој начин со Реал освои сѐ, но неговиот придонес кон тие трофеи е занемарлив. За тоа колку во клубот веруваат во него говори колку беше користен во текот на неодамна завршената сезона. Иако Реал имаше огромни проблеми со повредите, и тоа најмногу на дефанзивците, Ваљехо одигра само четири натпревари, од кои три на крајот на сезоната кога Реал веќе беше исфрлен од борбата за трофеите.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…