
Реал Мадрид ја финализираше зделката со Бенфика за Алваро Карерас. Тој има 22 години, игра како лев бек и е Шпанец.
За него „белите“ ќе платат 50 милиони евра. Толку е откупната клаузула, но нема да биде активирана, туку Реал ќе ја исплати сумата во три рати. Договорот на фудбалерот е за шест сезони.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Всушност, Карерас се враќа во Реал, бидејќи има неколку сезони во клубот како младинец. Во 2020 година замина од „Ла Фабрика“ кон Манчестер Јунајтед, каде што не успеа да се афирмира. Во тоа време, бекот беше познат повеќе како Алваро Фернандес, но подоцна посака на фудбалската маица да му пишува „Карерас“.
Шпанецот ќе се конкурира за место со Фран Гарсија и Ферлан Менди.