Дома Фудбал Реал Мадрид му понудил опција „земи или остави“ на Винисиус

Реал Мадрид му понудил опција „земи или остави“ на Винисиус

Винисиус Жуниор одби две понуди од Реал Мадрид за потпишување нов договор. Ако тоа се случи и по трет пат, Бразилецот ќе биде ставен на трансфер листа.

Винисиус Жуниор одби неколку понуди од Реал Мадрид за продолжување на соработката. Шпанците тврдат дека веќе два пати рекол ‘не’ на продолжувањето на договорот кој во моментов трае до летото 2027 година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Проблемот е во платата. Реал му нуди нешто поголем износ од сегашниот (околу 20 милиони евра), додека Бразилецот и неговите агенти сакаат износ во рангови на Килиан Мбапе кој заработува 31 милион евра.

Реал наводно ќе се обиде уште еднаш. Indykaila News наведува дека кралскиот клуб одлучил да го продаде Бразилецот ако повторно одбие продолжување на соработката.

Веќе постои и потенцијален купувач. Тоа е Ал-Ахли од Саудиска Арабија кој е подготвен да понуди 300 милиони фунти (350 милиони евра) за суперѕвездата.

„Ал-Ахли е во директни преговори со Реал Мадрид околу Винисиус Жуниор. Тие се подготвени да понудат 300 милиони фунти за оваа суперѕвезда“, сe наведува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудо: Остров од 150.000 жители чекор кон плсман на Светското првенство.!

Курасао, мало островче кое се наоѓа во јужниот дел на Карипското море, блиску до брегот на…