Дома Фудбал Реал Мадрид го претстави Арнолд – плати десет милиони евра за да го има десет дена порано!

Реал Мадрид го претстави Арнолд – плати десет милиони евра за да го има десет дена порано!

Англискиот репрезентативец Трент Александар-Арнолд успешно ги мина медицинските прегледи во четвртокот, со што се финализираше неговиот премин од Ливерпул во Реал Мадрид.

Мадридскиот клуб го искористи специјалниот период за трансфери отворен за учесниците на Светското клупско првенство, што им овозможи да го регистрираат играчот уште на почетокот на јуни. Бидејќи договорот на Трент со Ливерпул истекуваше на 30 јуни, трансферот беше завршен со надоместок од 10 милиони евра, спречувајќи го неговиот заминување без обештетување.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Реал Мадрид не губеше време – Александар-Арнолд беше официјално претставен на јавноста веднаш по прегледите, нешто пред пладне, со што формално стана дел од Кралскиот клуб.

Особен интерес предизвика бројот 12 кој Трент ќе го носи во новиот клуб. Овој број симболично беше толкуван како “збир на две шестки” кои досега ги носеше на дресот на Ливерпул, што предизвика многу реакции меѓу навивачите на „црвените“.

Интересно е што Реал за да го има Трент на Светското клупско првенство на Ливерпул му плати десет милиони евра и не почека да му истече договорот.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потег во очај или вистинска одлука? Гатузо треба да биде спасител на Италија

Џенаро Гатузо, Џанлуиџи Буфон, Џанлука Замброта, Леонардо Бонучи и Андреа Барѕаљи – …