Дома Фудбал Реал Мадрид ги избра новите капитени по заминувањето на Модриќ

Реал Мадрид ги избра новите капитени по заминувањето на Модриќ

Нова ера во Реал Мадрид наскоро почнува – подготовките за новата сезона стартуваат на 4 август, но без Лука Модриќ и Лукас Васкес, двајцата ветерани кои ова лето го напуштија клубот. Со нивното заминување останува голема празнина во соблекувалната затоа што со години беа важни авторитети во тимот, пишува Defensa Central.

Модриќ и Васкес беа двајца од последните тројца останати играчи од генерацијата која освои три последователни Лиги на шампиони. Сега, Дани Карвахал е единствениот „преживеан“ од таа златна ера. Десниот бек ќе ја презеде и улогата на прв капитен, функција која до неодамна ја имаше хрватскиот играч од средина на теренот. Модриќ за последен пат беше капитен во натпреварот против ПСЖ на стадионот MetLife, во полуфиналето на Светското клупско првенство.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Карвахал ќе ја носи капитенската лента секогаш кога ќе биде на теренот, но заедно со него, оваа задача ќе ја делат и Феде Валверде, Тибо Куртоа и Винисиус Жр.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…