Реал Мадрид е најуспешниот и најголемиот фудбалски клуб на светот, а играчите на овој тим се сметаат за посебни и само ретки добиваат шанса да бидат дел од кралскиот тим.
Големи професионалци се играчите на Реал и големи пријатели, а хармоничниот однос меѓу нив најчесто се одразува и во резултатите на Реал. Но, она што исто така е вистина, за што пишуваат медиумите во Мадрид, е дека постојат и таканаречени кланови, кои не ја нарушуваат ситуацијата.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Еден од клановите ги сочинуваат Бразилците Винисиус и Милитао и Рудигер. Се смета дека тие се потемпераментни од другите. Често играчите се групирани и според јазичните афинитети, па така, обично заедно се Шпанците Карвахал, Васкез, Фран Гарсија, Асенсио, Брахим Диаз, Ваљехо и Себаљос, а понекогаш и Феде Валверде, Уругваец кој целосно се интегрирал во шпанското опкружување.
На второ место е „француската група“ каде што е и Белгиецот Куртоа, заедно со Мбапе, Камавинга, Чуамени и Менди. Бразилската група ја сочинуваат Винисиус, Милитао, Родриго и Ендрик. А тука е и последната група играчи од различни националности обединети затоа што сите се изразуваат на англиски: Рудигер, Лунин, Алаба, Белингам, Модриќ и Гулер.
Во однос на „шефовите“, главниот збор го водат Карвахал, потоа Модриќ, а зад нив Куртоа и Белингам. Кога тие зборуваат, другите мора да молчат. Особено ова важи за Карвахал и Модриќ како најискусни и најтрофејни играчи на Реал. Тука улога имаа Начо и Тони Кроос, но двајцата го напуштија клубот.
Интересно, двајца големи играчи како Винисиус и Килијан Мбапе едвај имаат тежина во соблекувалната. Тие се сметаат за најдобрите играчи на Реал, но ќе им треба уште време за да добијат репутација на главни луѓе во соблекувалната.