Дома Фудбал Останато Ова би било спектакл: Мејведер и Пакјао повторно влегуваат во ринг?!

Ова би било спектакл: Мејведер и Пакјао повторно влегуваат во ринг?!

Филипинскиот боксер Мени Пакјао откри дека реваншот со Американецот Флојд Мејведер би можел да се случи во 2026 година, и тоа во познатото казино MGM Grand во Лас Вегас.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Пакјао, кој има 46 години, останува единствениот боксер што ги има освоено титулите на светски шампион во осум различни категории.

„Во моментов разговараме за следната моја борба, и возможно е повторно да се соочам со Мејведер. Се водат многу преговори, што го отежнува планирањето на која борба закажувања. Чекам на конечните договори“, изјави Пакјао на прес-конференција.

Во јуни, филипинската боксерска икона беше примена во Меѓународната куќа на славните. Тој се повлече во 2021 година со 62 победи, од кои 39 со нокаут, осум порази и три ремија. Пакјао гја носеше и титулата сенатор на Филипините од 2016 до 2022 година.

<
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектаклот закажан: УФЦ го потврди датумот на кој доаѓа во Белград!

По месеци на шпекулации, стигна официјалната потврда – УФЦ пристигнува во Белград. Н…