Дома Фудбал Најава за најголемата револуција во фудбалот: Се менува правилото за офсајд (Фото)

Најава за најголемата револуција во фудбалот: Се менува правилото за офсајд (Фото)

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, веќе неколку години зборува дека фудбалот не е доволно интересен за младите генерации и дека е потребно да се прилагоди за да не започне да губи на популарност. Затоа сè повеќе се зборува за нови правила кои би им овозможиле на фудбалот да ги отвори вратите за новата генерација, која пред сè страда од недостаток на внимание и заинтересираност, односно почесто се определува да следи поатрактивни спортови каде што резултатот почесто се менува, има повеќе голови…

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Така, се наоѓа на повидок „Венгеровото правило“ за офсајдот кое веќе неколку години се наоѓа во фиоките на раководителите на ИФАБ (Меѓународниот одбор на фудбалски здруженија) кој е одговорен за промена на фудбалските правила. Сега се појавуваат информации дека е време тоа правило да го види светлото на денот и да се имплементира, пишува германскиот „Билд“.

Според предлогот на легендарниот тренер Арсен Венгер, играчот не би бил во офсајд сè додека некој дел од телото со кој може да се постигне гол е во линија со противникот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок во Данска: Ериксен повторно колабираше среде натпревар! (Видео)

Во 66. минута од натпреварот, Ериксен падна пред шеснаесетникот на Украина. Зошто проблемо…