![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/zubi1-800x491-1.jpg)
Реал Мадрид се вклучува во битката за играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди.
Шпанскиот минатото лето ја одби можноста да се пресели во Ливерпул, кој беше подготвен да ја плати неговата ослободителна клаузула.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Минатиот месец, водечките англиски медиуми објавија дека Арсенал веќе постигнал договор со Зубименди, а лондончани биле уверени дека во летниот преоден рок тој ќе стане нивен играч.
Тогаш се тврдеше дека менаџерот на Арсенал, Микел Артета, одиграл клучна улога во убедувањето на играчот.
Сепак, шпанските медиуми пренесуваат дека Реал серизно се вклучил во трката за потписот. „Кралскиот клуб“ го гледа Зубименди како потенцијален наследник на Тони Крос. Ова може да ги искомпликува плановите на Арсенал.
Судбината на Зубименди ќе зависи од неговата одлука, бидејќи сите заинтересирани клубови, вклучително и Манчестер Сити, се подготвени да ја активираат неговата клаузула од 60 милиони евра.