Многумина беа изненадени кога Клаудио Раниери се врати од фудбалската пензија среде ноември и по трет пат во својата кариера ја презеде Рома. Сепак, бидејќи веќе е во својата осма деценија од животот, јасно е дека неговиот престој на “Олимпико” нема да трае премногу голо.
Затоа, веќе има план кој би можел да го наследи наредното лето, а првата цел му е без дилеми сонародникот Карло Анчелоти, кој според сѐ изгледа дека на крајот од сезоната ќе го заврши вториот мандат во кралскиот клуб.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Сѐ почести се гласините дека за трофејниот Италијанец се ближи крајот на “Сантиаго Бернабеу”, бидејќи името на Чаби Алонсо сѐ посериозно се разгледува за наследникот на Карло.
Во такво сценарио, враќањето на Анчелоти во Италија би имало смисла, а доаѓањето во клубот во кој играше осум сезони не би требало да се исклучи однапред.
Сето ова има смисла ако се знае дека Раниери ќе остане во Рома и по завршувањето на сезоната, па неговиот избор нема да биде само советоволен, туку ќе има тежина која може да одлучи во корист на “Волчицата”.
Главната пречка би требало да биде Фудбалскиот сојуз на Бразил, кој веќе подолго време го посакува Анчелоти на местото на селектор на петкратниот светски шампион. Јасно е дека пред Рома е предизвикот да го убеди Италијанецот да се врати во татковината по пет и пол години.