Дома Фудбал Рамзи не си заминал сам од Мексико, го избркале зошто си го барал кучето

Рамзи не си заминал сам од Мексико, го избркале зошто си го барал кучето

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Јувентус, Арон Ремзи, го напушти Мексико Сити по краток престој во тимот на Пумас, откако изостана од неколку натпревари и тренинзи во потрага по својот изгубен пес.

На 1 јули, Ремзи потпиша договор на една година со Пумас, но повредите му ја попречија кариерата, па одигра само шест натпревари во сите натпреварувања, при што постигна еден гол.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


“Би сакал да изразам благодарност до мексиканскиот народ за нивната љубезност и великодушност, што ни овозможија на моето семејство и мене да се чувствуваме добредојдени во Мексико Сити. Исто така, благодарам на тренерот, стручниот штаб и особено на медицинскиот тим за поддршката во тешкиот период со повредите,” изјави Ремзи на своите социјални мрежи.

Освен проблемите со повреди, играчот од Велс пропушти неколку натпревари и тренинзи во обид да го пронајде својот изгубен миленик, кој исчезна на почетокот на октомври после престој во хотел за кучиња.

Потоа, Ремзи се приклучи назад на тимот за рехабилитација од повредите, но по само една седмица замина повторно во Европа.

“Со многу напорна работа, беа максимално подготвен и во форма за преостанатите натпревари и со нетрпение очекував да го дадам најдоброто од себе за тимот. За жал, мојот договор беше ненадејно раскинат, што претставуваше изненадување и разочарување. Затоа немав друга опција освен да се вратам дома, во Велс,” наведе Ремзи.

Мексиканскиот тим не даде коментар на изјавите на играчот изнесени на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик со новиот потег му покажа на Тер-Штеген дека трансферот е единствено решение

Фудбалерите на Барселона вечерва се гости на третолигашот Гвадалахара на почетокот од Крал…