
Раководството на Јувентус е цврсто решено да го продолжи договорот на Кенан Јилдиз до 2031 година. Сегашниот договор на талентираниот Турчин истекува во 2029 година, но “бјанконерите” сакаат да го поврзат за уште подолг период и истовремено да го натераат да се чувствува високо ценет.
Според “Тутоспорт”, раководството на торинскиот гигант решило да ја зголеми понудата, која претходно ја доставила до Јилдиз само пред неколку недели. Претходната понуда била за плата од 4,5 милиони евра годишно, но на следната средба со таткото на Јилдиз – Енгин, која ќе се одржи на почетокот од јануари, понудата ќе биде зголемена на 6 милиони евра. Така италијанскиот клуб ќе се обиде да го спречи интересот на Реал Мадрид, Арсенал, Ливерпул и Челси.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Кенан Јилдиз има три голови и една асистенција на седум натпревари во Серија “А”, откако Јувентус е предводен од Лучано Спалети. Инаку, од почетокот на сезоната тој постигна вкупно седум голови со дресот на “бјанконерите”.