Дома Фудбал Ракитиќ објави фотографија со Модриќ, па мораше да им се извинува на навивачите на Јувентус (Фото)

Ракитиќ објави фотографија со Модриќ, па мораше да им се извинува на навивачите на Јувентус (Фото)

Иван Ракитиќ се извини на фановите на Јувентус откако на Инстаграм објави фотографија со Лука Модриќ и песната “Sara perche ti amo”.

На сликата, Ракитиќ и Модриќ се гушнати, а во описот, Ракитиќ напиша:

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


“Не знаат која среќа ја имаат брате @lukamodric10!! Со среќа, секогаш со тебе!!! Ти благодарам брате што дојде”.

Ракитиќ додаде и стихови од песната “Sara perche ti amo”, што значи “Затоа што те сакам”. Овој светски хит е и фаворит на навивачите на АЦ Милан, кои го пеат со изменет текст. Во нивната верзија, стиховите се:

“Каква збрка затоа што навиваме Чувство што полека расте Прегрни ме цврсто и биди се поблиску Кој не скока, тој е валкан логорски јувентинец.”

Поради оваа негова објава, навивачите на Милан се изнасмееја, додека тие на Јувентус се почувствуваа навредени. Откако објавата доби 250.000 лајкови и над 1.000 коментари, Ракитиќ јавно се извини.

“Искрено сакам да се извинам на фановите на Јувентус. Намерата ми беше само да ја користам песната поврзана со Милан за да го поздравам мојот пријател Лука Модриќ и не бев свесен за историскиот контекст или текстот поврзан со неа. Апсолутно не сакав да повредам никого, најмалку клубот кој го почитувам најмногу”, заврши Ракитиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бундеслига 2025/26 – Кој ќе ја освои титулата?

Новата сезона на Бундеслига 2025/26 е пред почеток, а љубителите на фудбалот очекуваат ушт…