Дома Фудбал Ракитиќ: Ми недостасуваат две работи во кариерата

Ракитиќ: Ми недостасуваат две работи во кариерата

Иван Ракитиќ(37), поранешен хрватски репрезентативец и сегашен технички директор на Хајдук, зборуваше за „CBS Спортс“ за највредниот дрес во неговата колекција. Тој истакнува дека неговата омилена размена на дресови била токму со Златан Ибрахимовиќ, со кого се сретнал додека настапувал за Барселона во Лигата на шампионите.

Посебно ја истакна омилената размена на дресови: “Најомилена размена на дресови ми беше со Златан Ибрахимовиќ кога играв против него во Лигата на шампионите со Барселона.” Иако во кариерата освоил речиси сè што можело да се освои, тој призна дека постојат две работи кои му недостасуваат: “Секогаш им велам на сите пријатели како сум благодарен за мојата кариера, ама ми недостасуваат две работи. Првата е играњето во Серија А, а втората, сакав да играм со Златан.”

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ракитиќ го објасни што го привлекува кај Ибрахимовиќ, нагласувајќи го неговиот карактер и влијание врз соиграчите: “Мислам дека тој е нешто посебно за нас играчите. Начинот како напредува, како лав, како се смета за најдобар… Мислам дека можеш да се подобриш во многу работи само да си покрај него ден за ден. Тоа е причината зошто така многу го сакам Златан и неговиот дрес има посебно место во мојата колекција.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бернардо Сила се сели во Серија А бесплатно

Ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Сила влезе во последната година од договорот со „граѓ…