Дома Фудбал Рафиња одлучи: Што е следно во мојата кариера? Се знае!

Рафиња одлучи: Што е следно во мојата кариера? Се знае!

И самиот Рафиња веројатно не можеше да замисли каква сезона ќе има оваа година. Стана еден од најдобрите играчи во светот и е во конкуренција да ја освои Златната топка. Бразилецот веќе одлучи кој ќе биде неговиот следен чекор во кариерата.

Крилниот напаѓач на каталонскиот тим заедно со Ламина Јамала и Роберт Левандовски претставува новото препознатливо трио на Барселона во нападот. На почетокот на сезоната тоа никој не го очекуваше, дури ни Бразилецот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, како што одминуваше времето, тој стануваше сè посигурен. На почетокот на сезоната се зборуваше дека е на излез и дека Барса не го сака, но Ханси Флик го препороди. Рафиња одлучи и што ќе направи во продолжението на кариерата:

„Што е следно? Потпишување нов договор со Барселона“, откри Рафиња, па продолжи:

„Размислување за најдобар фудбал без Барселона не ми е логично. Многу уживам овде, да бидам искрен. Ниту во соништата не го очекував ова“.

Се очекува наскоро Рафиња и Барселона да го обноват договорот, а истото го чека и Ламина Јамала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали Вардар беше оштетен за пенал во дербито со Пелистер? (Видео)

Во Битола попладнево се игра дербито од македонското фудбалско првенство помеѓу Пелистер и…