Дома Фудбал Рабио го отпиша Јувентус за Скудетото и упати предупредување до ѕвездата на Милан

Рабио го отпиша Јувентус за Скудетото и упати предупредување до ѕвездата на Милан

Адриен Рабио изрази надеж дека со “росонерите” ќе успее да ја освои својата втора титула во Серија “А”, додека истовремено го отпиша својот поранешен тим Јувентус за Скудетото оваа сезона.

„Како обично, има толку многу претенденти за Скудетото. Да се види Рома толку високо на табелата е мало изненадување. Наполи останува најсилниот тим. Интер е италијанскиот тим што досега најдобро се справува во Европа и, за разлика од нас, тие имаат предност затоа што играат заедно долго време. Кај нас не е сигурно дека веднаш ќе ја најдеме вистинската динамика. Во Јувентус имаат квалитети, но тие се помали од тие на Наполи или Интер. Сѐ уште им недостасува потребната хемија за да го освојат Скудетото, така што ќе се борат за место во Лигата на шампиони“.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Францускиот репрезентативец исто така го предупреди еден од ѕвездите на Милан – Рафаел Леао, дека повеќе нема многу време за да го открие својот целосен потенцијал. „Знам дека луѓето многу говорат за него. Тој е играч со голем потенцијал, но на 26 години веќе не си млад. На неговата возраст веќе нема време за губење, бидејќи времето брзо лета. Би било жално ако само остане со потенцијалот за голем фудбалер. Се надевам дека ќе сфати дека има сѐ што е потребно за да биде меѓу најдобрите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо денеска најдобро да не користи интернет, Меси повторно го „понижи“ (Видео)

Лионел Меси и во САД пишува историја затоа што успеа да го одведе Интер Мајами до првата т…