Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за напаѓачот на Интер и француската репрезентација, Маркус Турам.
Турам минатото лето пристигна во Интер како слободен агент и веднаш се вклопи во тимот, а оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Турам игра во фантастична форма и ПСЖ нема да жали пари за да го доведе во своите редови, бидејќи бара засилување во нападот.
Интер не сака да ја продава својата ѕвезда, но ПСЖ е спремен да ја плати откупната клаузула од 85 милиони евра која ја има во договорот на Турам.