
Финалето на Лигата на шампиони, покрај спортскиот аспект, носи значителна финансиска корист за клубовите. Со воведувањето на новиот формат на натпреварувањето и промените во распределбата на приходите, овогодинешните финалисти Интер и ПСЖ остварија најголемо заработување по сезона во историјата на ова натпреварување.
Натпреварот се игра вечерва во 21 часот на стадионот Алијанц Арена во Минхен. Победникот, покрај освојувањето на трофејот, треба да оствари приходи од приближно 150 милиони евра, што претставува досега највисок износ за еден клуб во сезона на Лигата на шампиони.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Веќе самото пласирање во финалето, и Интер и ПСЖ го надминаа ланскиот вкупен приход на Реал Мадрид, кој ја освои Лигата на шампиони и заработи 138,8 милиони евра. Двајцата овогодинешни финалисти веќе ја преминаа границата од 135 милиони евра. Интер имаше поголем профит во групната фаза благодарение на поголем број победи, додека ПСЖ таа разлика ја надополни преку резултатите во нокаут фазата.
Клубот кој вечерва ќе победи ќе добие дополнителни 10,5 милиони евра, вклучувајќи четири милиони евра кои се однесуваат за настап во УЕФА Суперкупот против Тотенхем, победникот на Лигата на Европа. Вкупниот приход на клубовите што учествуваа во Лигата на шампиони и Суперкупот изнесува 2,4 милијарди евра. Иако бројот на учесници се зголеми од 32 на 36, просечните приходи по клуб исто така се зголемија. Во претходната сезона беа распределени вкупно две милијарди евра.
Фото: Принтскрин