Дома Фудбал Прво го избрка од Јунајтед, а сега од Леверкузен: Тен Хаг повторно има „шут-карта“ за ист играч

Прво го избрка од Јунајтед, а сега од Леверкузен: Тен Хаг повторно има „шут-карта“ за ист играч

Ерик тен Хаг не чекаше долго за да ги преземе првите радикални потези како нов тренер на Баер Леверкузен.

Едно од нив е одлуката која носи специфична симболика. Имено, подготвен е да го продаде голманот којшто веќе еднаш го продаде, и тоа од друг клуб.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Холандскиот стратег е решен да се ослободи од Матеј Ковар, голманот којшто го продаде од Манчестер Јунајтед во Леверкузен, а сега ќе го пушти од германскиот клуб по само две сезони.

Ковар во 2023 година пристигна во Леверкузен од Јунајтед за 7,7 милиони фунти, но сега е на излезните врати, и тоа за речиси пола помала цена. Наводно, се работи за сума од околу 3,5 милиони фунти.

Иако потпиша четиригодишен договор и собра 32 настапи во две сезони, 25-годишниот чувар на мрежата не успеа да го зацврсти своето место меѓу стативите, особено по доаѓањето на Марк Флекен од Брентфорд.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски пристигнува во Милано многу порано отколку што некој можеше да очекува!

Според шпанските медиуми, Милан веќе започнал сериозни преговори со Роберт Левандовски, а …