Дома Фудбал Првите вести за повредата на Исак: „Сериозно оштетување на ногата“

Првите вести за повредата на Исак: „Сериозно оштетување на ногата“

Од Ливерпул пристигнуваат првите информации за повредата на Александер Исак. И не се охрабрувачки.

Иако се уште се чекаат резултатите од магнетната резонанса, „Ливерпул Ехо“ пишува дека напаѓачот на „црвените“ го очекува долга пауза, бидејќи се работи за значително оштетување на долниот дел од ногата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Резултатите треба да бидат објавени во понеделник, но според снимката, Швеѓанецот има сериозна повреда на зглобот на левата нога при постигнувањето на голот на гостувањето против Тотенхем.

Менаџерот Арне Слот треба да се обрати на медиумите во вторник, пред натпреварот против Вулвс на 27 декември, кога ќе може да даде поконкретни информации за состојбата на својот напаѓач. Исак против Спарс го постигна својот трет гол во дресот на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трамп за учеството на Иран на Мундијалот 2026: Не мислам дека е паметно да бидат тука

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека иранскиот фудбалски тим е добредо…