
Зошто Душан Влаховиќ славеше како кошаркар по голот против Каљари? Објасни за што се работи.
Српскиот напаѓач не одигра многу за Јувентус оваа календарска година, но штом тренерот Тијаго Мота му даде доверба се врати со гол за победа против Каљари (1:0). Влаховиќ постигна гол во 12-та минута откако прво го помина познатиот колумбиски дефанзивец Јери Мина, а потоа славеше на интересен начин.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Зошто Влаховиќ “имитираше” постигнување на кош? По натпреварот објасни дека се работи за интерна работа: “Кошаркарската прослава беше посветена на физиотерапевтите. Интерна работа е, а тие ме замолија да прославам така ако дадам гол…“, изјави Влаховиќ по својот најдобар натпревар оваа календарска година во дресот на “старата дама”, по што доби и награда за најдобар поединец на натпреварот на Сардинија.
Инаку, ова беше првиот цел натпревар што Влаховиќ го одигра откако Рандал Коло Муани му стана конкуренција во Јувентус и се чини дека ја загуби позицијата – едноставно бидејќи се очекува да замине од клубот на лето откако не го продолжи договорот.