Поранешниот италијански шампион, Јувентус, запиша убедлива победа против Емполи со убедлив пресврт од 4-1 во рамките на 23. коло од Серија А.
Емполи изненади на стартот кога Де Шиљо ги донесе во водство по само четири минути игра. Во првото полувреме, гостите од Торино не успеаја да го пробијат одбраната на Емполи, иако имаа неколку добри шанси.
Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓
Меѓутоа, Јувентус се врати во второто полувреме. Во 61. минута, Коло Муани постигна гол за израмнување, а многу брзо потоа и втор пат ја најде мрежата за водство од 2-1.
На крајот на регуларното време, Душан Влаховиќ стави точка на победата со спектакуларен гол. Тој издрибла неколку играчи и со силен шут ја смести топката во горниот агол на мрежата на Емполи.
Концеисао беше последниот стрелец за Јувентус, кој на крајот славеше со 4-1.
VLAHOVIC GOLLLLLL pic.twitter.com/c7SYF0NZuu
— Juventus News Live (@juvenewslive) February 2, 2025