
Доналд Трамп беше во центарот на вниманието на Светското клупско првенство, кое првпат се одржа во САД со 32 клуба. Американскиот претседател го привлече вниманието кога не сакаше да го напушти подиумот на церемонијата по натпреварот, при предавањето на трофејот на фудбалерите на Челси, оставајќи се таму да слави со нив во првите редови.
Подоцна се дозна дека не беше само церемонијален шеф, туку дека им предал на победниците копија од трофејот, додека оригиналот останал кај него. Пред да почне натпреварувањето, Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, го донел оригиналниот трофеј на Светското клупско првенство во Белата куќа за да го покаже на Трамп. Меѓутоа, тој останал изложен во неговата канцелрија..
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
“Ги прашав: Кога ќе го земете трофејот? Ми рекоа: ‘Никогаш нема да го земеме. Може засекогаш да остане тука. Ќе направиме нов.’ И навистина направија нов. Тоа беше возбудливо и сега е тука”, изјави Трамп.
Трофејот за клупски светски шампион е дизајниран од познатата јувелирска фирма Tiffany & Co. и неговата вредност е околу 230 илјади долари. Американските медиуми тврдат дека копијата е идентична на оригиналот по квалитет и изработувачки материјали, изработени од 24-каратно злато. Инаку, Челси не го доби трофејот во трајна сопственост.