
Бразилскиот фудбалер Даглас Коста се соочува со сериозни правни проблеми, откако судот во Порто Алегре издал налог за негово апсење поради неплаќање алиментација во висина од половина милион реали (околу 78 илјади евра), пренесува Газета дело Спорт.
Слични непријатности го следеа и пред две години, во времето кога играше за Лос Анџелес Галакси во МЛС, кога беше осуден на 30 дена затвор.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Се чини дека потеклото на тековната наредба за апсење датира од тоа време и останува во сила до крајот на 2025 година, што и дозволува на полицијата и судските органи да го приведат во секое време.
Притоа, неговите неволји не завршуваат тука. Австралискиот клуб Сиднеј ФК, со кој потпиша договор минатата година, објави дека биле принудени да го раскинат договорот со него.
🚨Даглас Коста има налог за апсење поради неплатени алиментации!
— Brasil Football 🇧🇷 (@BrasilEdition) Септември 17, 2025
Овој е втор пат да се соочи со правни проблеми поради тоа. pic.twitter.com/ZdQ7O6DYaQ
Сиднеј ФК го раскина договорот со Даглас Коста. Играчот не може да се врати во Австралија поради постојаните правни и лични проблеми во Бразил. Во 25 натпревари, тој постигна шест голови и оствари осум асистенции”, стои во соопштението од клубот.
Ситуацијата ја коментираше и самиот Коста:
“Благодарен сум на Сиднеј што ми овозможи да играм во Австралија. Тоа беше неверојатна година во овој дрес. Жал ми е што не можам да се вратам, бидејќи постојат работи кои морам да ги решам дома, но секогаш со радост ќе се сеќавам на времето поминато овде. Ви благодарам на сите во клубот и на навивачите за поддршката. Ова е искуство кое никогаш нема да го заборавам”, изјави Коста преку социјалните мрежи.
За време на својата активна кариера, Коста беше дел од Шахтар Доњецк, Баерн и Јувентус, но и покрај тоа, не успеа до крај да го реализира својот несомнено голем потенцијал.