Дома Фудбал Проблем за Слот: Ливерпул ослабен во Истанбул

Проблем за Слот: Ливерпул ослабен во Истанбул

Фудбалерите на Ливерпул денес заминаа за Истанбул, каде утре од 18:45 часот, ги очекува првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Галатасарај.

Тимот на Арне Слот е фаворит во дуелот против турскиот клуб, но веќе појавија се првите проблеми, иако мечот се уште не се одиграл. Алисон Бекер не отпатува со тимот за Истанбул, бидејќи почувствувал непријатност за време на тренингот пред заминувањето.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Станува збор за помала повреда, но клубот не сакаше да го ризикува неговото патување и тој остана да се лекува дома. Така на голот ќе застане Георги Мамардашвили.

Сè уште не е познато дали ќе биде во конкуренција за натпреварот против Тотенхем во недела, но ова не е прв пат Алисон да се соочи со повреди оваа сезона.

Тој се повреди токму на минатиот натпревар против Галатасарај во групната фаза и отсуствуваше во следните седум натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико најде замена за Гризман и тоа во ПСЖ!?

Полека се ближи крајот на една ера, Антоан Гризман го напушта Атлетико Мадрид, каде што ос…