Дома Фудбал Проблем за Интер: Лаутаро ќе паузира?

Проблем за Интер: Лаутаро ќе паузира?

Напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез го пропушти денешниот тренинг на тимот поради замор на мускулите.

Ден пред натпреварот против Феенорд во осминафиналето на Лигата на Шампионите на „Џузепе Меаца“, Симоне Инзаги не можеше да смета на капитенот на тимот и стрелецот на вториот гол на „Де Кајп“ каде неговиот тим победи со 0:2.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Интер викендов мораше да даде сè од себе за да триумфира против Монца пред своите навивачи. Лаутаро играше цели 90 минути, што главно беше случај во последно време.

На седум од последните девет натпревари, Лаутаро беше на теренот секоја секунда. Против Феенорд играше 81 минута, додека против Лацио во Купот воопшто не влезе во игра.

Не е исклучено Инзаги да му даде шанса на Марко Арнаутовиќ или дури на Мехди Тареми во реваншот против Феенорд за да го ослободи Лаутаро барем малку. Сепак, следува Аталанта во Серија А следниот викенд пред репрезентативната пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тежок удар за италијанскиот гигант: Дибала се здоби со тешка повреда – познато колку ќе паузира

Рома, четвртопласираниот клуб од италијанската лига, ќе остане месец и половина без својот…