Дома Фудбал Проблем за Барселона: Нема каде да бидат домаќини во нокаут фазата од ЛШ?

Проблем за Барселона: Нема каде да бидат домаќини во нокаут фазата од ЛШ?

Фудбалскиот клуб Барселона се соочува со нови проблеми, бидејќи не знае каде ќе ги игра домашните натпревари од нокаут фазата на Лигата на шампионите.

Со 15 освоени поени, две кола пред крајот и како второпласиран тим на табелата, Барселона е сигурен учесник во следната рунда од Лигата на шампионите. Но, проблемот е што Барселона во овој момент не е сигурна на кој стадион ќе ги игра натпреварите од елиминационата фаза на Лигата на шампионите.


Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓


Како што пишува Марка, УЕФА бара клубовите да го потврдат домаќинството на еден стадион пред почетокот на сезоната и пред периодот на елиминационата фаза, а Барселона во јануари не е сигурна кој стадион ќе го одбере.

Имено, реконструкцијата и работите на “Камп Ноу” се одолжија и некои извори пишуваат дека ќе биде невозможно стадионот да биде подготвен до крајот на оваа сезона. Од друга страна, Барселона има договор до почетокот на пролетта и нема да има право да организира европски натпревари на “Монжуик” при крајот на сезоната, бидејќи градската власт веќе се обврзала дека ќе биде домаќин на други активности по истекот на договорот со Барса.

Марка пишува дека Барса има три опции, а тие се стадионите – “Ел Прат”, “Месталја” и “Ванда”. Но, никој во Барселона не сака ни да помисли да играат на стадионот на Еспањол, лутиот ривал, додека Валенсија е оддалечена 300 километри. Особено е лудо да се размислува за стадионот на Атлетико Мадрид, кој исто така веројатно ќе биде учесник во следната рунда на ЛШ. 

Се разбира, каталонските извори тврдат дека Барселона ќе направи сè за да го промени договорот со градските власти и доколку е потребно да ги осигура сите свои европски натпревари на “Монжуик”, така што враќањето на “Камп Ноу” ќе биде целосно одложено до сезоната 2025/26. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси ќе купи една од најголемите ѕвезди на Астон вила за „само“ 20 милиони евра!?

Поранешниот фудбалер на Астон Вила, Дарен Бент, кажа дека Емилијано Мартинез треба да се п…