Дома Фудбал Пробај да не заплачеш: “You’ll never walk alone” за последен пат за Диого Жота пред Енфилд

Пробај да не заплачеш: “You’ll never walk alone” за последен пат за Диого Жота пред Енфилд

Вчерашното утро не затече со шокантната вест за прераната смрт на Диого Жота, познатиот португалски фудбалер, кој заедно со брат му, Андре Силва, загина во шпанската провинција Замора.

Причината беше пукање на гумата на возилото, по што автомобилот излета од патот и се запали, оставајќи ги момците без шанси за спас. Фудбалскиот свет ја прими оваа вест со голема тага.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Диого Жота беше еден од најважните играчи во нападот на Ливерпул, во нивната борба за Премиер лигата лани. Имаше исклучителен инстинкт за гол и навивачите го обожаваа.

Во четвртокот, кога веста се прошири, навивачите се собраа пред Енфилд со многу пораки и му испратија последно збогум на својот фудбалски маѓионичар. На социјалните мрежи се појави и снимка.

Навивачите на Ливерпул ја запеаја “You’ll never walk alone”, песна која е нивно обележје, а по изведбата следеше и аплауз. Диого Жота и Андре Силва ќе ги паметиме засекогаш!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“ од Штип: Фенербахче ја купуваа Брегалница!

Фудбалскиот клуб Брегалница од Штип наскоро ќе добие нов сопственик – турскиот гигант Фене…